Од суштинско значење е науката да постигне многу од целите на Агендата за одржлив развој до 2030 година, а со тоа да се обезбеди одржлива иднина. Извештајот на УНЕСКО за науката е една од алатките која земјите можат да ја користат за да го следат напредокот кон целите на Агендата 2030, која ги анализира новите трендови во областа на науката, технологијата и политика на иновации и управување. Клучната порака од извештајот за оваа 2015 година може да се сумира во само четири зборови: повеќе истражувања – подобар развој.
Прогласен од Генералната конференција на УНЕСКО (Резолуција 31C/20) во 2001 година, Светскиот ден на науката за мир и развој е годишен настан кој се слави во целиот свет.
Целта на Светскиот ден на науката за мир и развој е да се обнови националната, како и меѓународната посветеност на науката за мир и развој и да се укаже за одговорно користење на науката за доброто на општеството. Светскиот ден на науката за мир и развој, исто така има за цел подигнување на јавната свест за важноста на науката и да го премости јазот помеѓу науката и општествата.
WebOhrid