Пораз за МЗТ Скопје од Црвена Ѕвезда

Петти пораз на нашиот шампион MЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига. Во последниот натпревар од 9 коло МЗТ Скопје на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ загуби од бранителот на титулата Црвена Звезда со 71-66.

Во интересен меч во кој гостинот од Белград имаше константно водство, во еден момент предноста на Звезда изнесуваше и 15 поени, победникот на дуелот беше решен во последните две минути во кој одбраната на металците немаше одговор за одличниот бек на белграѓани, Стефан Јовиќ.

Српскиот репрезентативец со 17 поени, 7 асистенции беше најефикасниот кошаркар во победничкиот тим, во кој двоцифрен број на поени по 12 постигнаа и Квинси Милер и Штимац.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Дреновац постигна 19 коша, Буниќ 14, Љубичиќ 12.