Утре можни се прекини во снабдувањето со електрична енергија

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 kV далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид –Струга, утре во периодот од 11:00 до 14:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3 часа.