Вчера издадени 2.897 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 12.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.897 странски државјани, од кои 1.531 се од машки пол, 481 се од женски, 634 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 251 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.351, Авганистан–798, Ирак-307, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 12.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 241.649 странски државјани, од кои, 143.622 се од машки пол, 36.333 се од женски, 49.244 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12.450 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-151.515, потоа Авганистан-52.255, Ирак-19.218, Пакистан-4.947, Иран-4.999, Палестина-2.011, Сомалија-1.233, Бангладеш-1.112, Мароко-798, Конго-510, Алжир-378, Либан-409, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 12.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 12.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 12.11.2015 година евидентирани се вкупно 7 баратели на азил, 4 мажи, 1 самохрана мајка и 2 деца со придружба на старател . Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилни тимови на Црвен крст
11.11/ 21 ч.- 12.11/21ч

Табановце
Укажана прва помош на 414 лица
Дистрибуирана вода 344 лит
Дистрибуирани пакети со храна 19
Дистрибуирани пакети со хигиена 17
Дистрибуирани бисквити 35 пакувања ( х100)

Ќебиња 84

Пелени за деца 18 пакувања
Млеко за бебе 18 пакувања
Чоколадно млеко 72 пакувања
Влажни марамици 68 пакувања
Рефус храна ( сардини, суво грозје, урми, двопек, сок)- асистирани 116 лица

Гевгелија
Укажана прва помош на 470 лица
Дистрибуирана вода 1647 лит
Дистрибуирани пакети со храна 335
Дистрибуирани пакети со хигиена 16
Дистрибуирани бисквити 23 пакувања ( х100)
Ќебиња 134
Бебешки пакети 32
Чоколадно млеко 463 пакувања
Чорапи 17 пара.