Охридската туристичка понуда презентирана во Германија

Туристичката понуда и традиционалните вредности на Охрид беа презентирани на саемската манифестација за традиционална култура и туризам што од 7-ми до 9 –ти ноември се одржа во Нојкирхен, Сојузна Република Германија. Презентацијата на Охрид како туристичка дестинација со широка палета на туристички производи, предизвика голем интерес кај посетителите на манифестацијата при што најголем број од прашањата беа во насока на можноста да се користат директни авионски линии за Охрид.

Во состав на активностите беше разговарано и за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Охрид и Нојкиршен меѓутоа и со градот партнер на оваа манифестација Устрон од Република Полска.

Регионот на градовите Нојкирхен-Флин, Морс, Есен, Оберхаузен, Крефелд, Диселдорф, Фенло географски се наоѓа во близина на холандско-германската граница, при што на посетителите им беа презентирани можностите да ги користат туристичките пакети кои се нудат во Холандија и чартер летовите од Амстердам.

Оваа регионална, саемско – изложбена, манифестација преставува извонредна можност за целосна промоција на Охрид како туристичка дестинација во која меѓу другото има традиционални занаети и надалеку познати национални специјалитети.

Saem_Germanija_4851