Секоја година на 14 ноември се одбележува Светскиот ден на борба против дијабетесот. Оваа кампања за подигање на свеста за шеќерната болест ја организира Светската организација за борба против дијабетесот – International Diabetes Federation, IDF.
Овој датум е избран поради роденденот на д-р Фредерик Бантинг, кој, заедно со д-р Чарлс Бест, е заслужен за откривањето на инсулинот во 1922 година.
Светска организација за борба против дијабетот (IDF) има над 200 асоцијации во над 160 земји ширум светот.
Пораките на кампањата се упатуваат со цел како да се дознае за сериозноста на дијабетесот, за препознавањето, ризиците, справување и за контрола на оваа болест.
Логото на Светскиот ден на дијабетесот е синиот круг кој е глобален симбол на шеќерната болест и го симболизира единството на глобалната заедница за дијабетесот.
WebOhrid