Охрид се позастапен на Британскиот туристички пазар

По воведувањето на авио линијата Охрид – Лутон (Лондон) од Јуни 2015, за која Општина Охрид субвенционира дел од финансиските средства, линија која веќе во првата година се покажа како повеќе од успешна, се повеќе се засилува промоцијата и застапеноста на Охрид на британскиот туристички пазар.

Некои од британските туроператори веќе започнаа да го нудат Охрид како дел од своите туристички пакети за сезоната 2016.

Охрид на овај начин за прв пат се нуди како дестинација на британскиот туристички пазар, а со тоа се очекува зголемување на бројот на британски туристи во наредната година. Воедно, во насока на зајакнување на туристичката промоција на Охрид во Британија, во подготовка e туристичка промоција на Охрид во Лондон, како и учество на еден од најголемите туристички саеми „Destinations“, кој ќе се одржи од 4-7 Февруари 2016 година, во Лондон, а на кој ќе учествуваат стотици најпознати светски туроператори.

promocija_london_400