Продолжуваат инвестициите во образованието

Министерот за образование и наука, заедно со директорите во министерството, во просториите на МОН пречекаа делегација на ДУИ предводена од Беким Незири, Талат Џафери, Ејуп Рустеми, Арбер Адеми и Пиштар Лутфиу. На средбата се разговараше за политиките и програмата на ДУИ и на Владата во сферата на образованието и науката.

Министеот Адеми ја информираше делегацијата во врска со напредокот на проектите и за статусот на нивното спроведување. Тој првично се осврна на основното и средното образование за кое ги извести за капиталните инвестиции и проектите со цел подобрување на социјалниот статус на наставниците.

„Во проектите на МОН за изминатите две години се изградени и реновирани, вкупно Продолжуваат инвстициите во образованието 36 училишни објекти, и во фаза на реновирање се исто така 13 други објекти. Исто така, за потребите на основните и средните училишта изградени се 4 спортски сали, а до крајот на оваа година ќе се заврши изградбата и на 7 други спортски сали. За некои стручни училишта обезбедени се лаборатории и кабинети. Вкупната инвестиција во основното и средното образование на албански јазик за последните две години изнесува 12 милиони евра“, рече Адеми.

Министерот Адеми, исто така, извести за стимулативните мерки кои ги обезбедува Министерството за различните категории на ученици од средните училишта и на оние кои учествуваат на национални и меѓународ Продолжуваат инвстициите во образованиетони натпревари.

Што се однесува до високото образование, буџетот што МОН го предвидува за јавните универзитети секоја година е во пораст. Така, за ДУТ за 2016 година се предвидени 1,6 милиониевра само за капитални инвестиции, што претставува зголемување од 100%. Додека општиот буџет на ДУТ се зголеми за 32% во споредба со оној од 2015 година. Кога на овој износ е додадена и финансиската поддршка дадена на ЈИЕУ и ФИН, проектот за универзитетскиот кампус во Скопје, изградбата на интернатот во Тетово, износот на финансиските ресурси обезбедени за високо образование на албански јазик достигнува 23%.

„Поддршката за ДУТ и за другите институции на високото образование на албански јазик ќе продолжи и во иднина, бидејќи преку нив е и загарантирано образованието на новите генерации и подготовка на поединци кои ќе бидат во можност да се соочат со предизвиците на времето”, рече Адеми.

Членовите на делегацијата го пофалија сработеното работа досега во областа на образованието и науката и побараа од одговорните да продолжат со спроведување на програмата и со реализација на проектите со уште поголема ревност. Обврските кои ги имаме спрема граѓаните треба да ги исполниме – беше главната порака од состанокот одржан во просториите на МОН.