Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес, во амбасадата на Република Франција во Скопје се сретна со француската амбасадорка Лоренс Оер, и во таа прилика и изрази сочувство по повод грозоморниот терористички чин во Париз минатиот петок.
Истовремено министерот Спасовски се запиша и во книгата на жалоста отворена при француската амбасада.