5. Седница на Националниот совет за одржлив развој

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре ќе се обрати на петтата седница на Националниот совет за одржлив развој.

На седницата ќе бидат разгледани досегашните и идни активности на Република Македонија во пресрет на учеството на Самитот на ОН за климатски промени, што ќе се одржи во Париз, и ќе бидат разменети мислења во однос на усвоената декларација на Самитот на ОН за одржлив развој, што се одржа во Њујорк.

На настанот свое обраќање ќе имаат и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, м-р Владимир Пешевски, амбасадорот на Француската Република во Република Македонија, г-ѓа Лоренс Оер и координаторот на ОН и претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон.

На трибината ќе учествуваат високи владини претставници, експерти во областа на економските и општествените прашања и животната средина, како и претставници на стопанските комори и на академскиот сектор.

Петтата седница на Националниот совет за одржлив развој се одржува во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во соработка со Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.