Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно.
Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година се врши на следниот начин:
1) Клиентски софтвер (образец МПИН)
Преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер од 17.11.2015 година (кликни тука)
2) Шифри и начин на пополнување на поединечни конечни МПИН пресметки
Поединечните конечни МПИН пресметки ги пополнувате и поднесувате со вид на обврзник 110 и вид на обврска 700 почнувајќи од месец 11/2015. Притоа, поединечна конечна пресметка со вид на обврзник 110 и вид на обврска 700 поднесувате за секој работодавач корисник поединечно (во истата мора да бидат вклучени сите вработени), како и една конечна поединечна МПИН пресметка за вработените кои не се отстапени работници со истиот вид обврзник/обврска (110/700).
Пресметките се пополнуваат на истиот начин како и пресметките со вид на обврзник 110 и вид на обврска 900.
Во поединечната конечна МПИН пресметка за работодавачот корисник во поле 2.14 – Е-маил од Клиентскиот софтвер да го внесете ЕДБ на работодавецот корисник за кој се поднесува пресметката (во ова поле кај ваков вид на пресметка не се полнува податок за маил адреса). Истиот даночен број се внесува и во полето 3.26 од клиентскиот софтвер за секој вработен.
За поединечната конечна МПИН пресметка за вработените кои не се отстапени работници во поле 2.14 – Е-маил од Клиентскиот софтвер го внесувате ЕДБ на Агенцијата за привремени вработувања за која се поднесува пресметката и истиот даночен број да го внесете во полето 3.26 од клиентскиот софтвер за секој вработен.
Напомена: Нема промена во однос на полнување на другите полиња.
3) Шифри и начин на пополнување на збирна МПИН пресметка
Збирната МПИН пресметка се поднесува за сумирање на податоците од поединечните конечни МПИН пресметки за сите вработени на ниво на работодавач – Агенција за привремени вработувања. Поднесувањето на збирната МПИН пресметка се врши со вид на обврзник 110 и вид на обврска 555 почнувајќи од месец 11/2015, по извршена исплата на сите МПИН пресметки со вид на обврзник 110 и вид на обврска 700 за конкретен месец. Во пресметката се вклучуваат сите лица кои се вработени во Агенцијата за привремени вработувања, со тоа што во оваа пресметка не се внесува податок за ЕДБ во поле 2.14 – Е-маил и поле 3.26 – Даночен број од клиентскиот софтвер.