Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ , 22 ноември (недела), Денот на Албанската азбука е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.