Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Застапување на младинска акција за учество во училиштата“,од 19 – 22 ноември во Струга, организира Национална конференција за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес во насока на обезбедување на структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки.
Конференцијата ќе ја отворат Марјан Спасески, Директор на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.
Целта на проектот е да се иницира структурирано учество на младите ученици и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки за да овозможат правни можности за учество во образовните процеси. По завршување на конференцијата и донесување на препораките, следен чекор во процесот е покренување на иницијатива за измени и дополнувања во законот за средно образование, која треба да ги опфати сите засегнати страни на национално ниво. За потребите на иницијативата, Коалиција СЕГА воспостави соработка со Младински Образовен Форум и Првата Детска Амбасада Меѓаши. Во предвидената методологија за процесот за покренување на иницијатива за измени и дополнувања во законот за средно образование, беа реализирани 32 локални дискусии на кои учествуваа ученици, училишен менаџмент, родители, претставници на младински организации и локални донесувачи на одлуки. Иницијативата е поддржана преку проектот од Детската Фондација Песталоци и Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност со проектот „Застапување за младинска акција за учество во училиштата”, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог.
Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 28 членки.