Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва ќе се обрати на гала-вечерата во рамки на Македонскиот економски самит 2015 којшто се одржува во организација на „Македонија 2025″.
На економскиот самит учествуваат над 250 извршни директори, менаџери, инвеститори и претприемачи, како и повеќе од 35 говорници кои ќе дискутираат за технологијата, бизнисот и лидерството.