Известување за спроведување на превентивна системска дератизација на подрачјето на Општина Орхид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.весник на РМ бр. 66/04,139/08, 99/09 и 149/14) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во соработка со Општина Охрид во понеделник, вторник и среда ќе спроведат системска дератизација во стариот дел на градот, населба „Билјанини извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“ како и по Булевар „Туристичка“, улиците „Питу Гули“,„Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва Македонска Бригада“.