Во врска со реализација на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“од ФЗОМ информираат за најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес.
Досега, 10 тима на вработени во Фондот контактираа 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник.
„Можеме со задоволство да констатираме дека за овој период од месец дена, наидовме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактиравме. Осигурениците поттикнати од нашите јавувања се интересираа и за други права од здравственото осигурување, кои се во надлежност на Фондот, како што се: остварување право на ортопедски помагала, право на медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување и бараа дополнителни информации за лекови на позитивната листа.“– велат од ФЗОМ.
Додаваат дека тимовите се составени од вработени од поголемите подрачни служб,и како што се: Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Велес, Прилеп и Куманово.
„Тие се јавуваат на осигурениците со трите хронични заболувања да ги потсетат кои прегледи треба редовно да ги прават, да ги информираат за комплексноста на заболувањето, со цел да се стопира можната прогресија на болеста. “– додаваат од фондот.