Вчера издадени 2.589 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.589 странски државјани, од кои 1.240 се од машки пол, 482 се од женски, 766 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.149, Авганистан–966, Ирак-474, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 19.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 261.006 странски државјани, од кои, 153.612 се од машки пол, 39.757 се од женски, 54.041 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.596 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-160.135, потоа Авганистан-57.739, Ирак-21.702, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 19.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 19.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 19.11.2015 година евидентирани се вкупно осум баратели на азил, пет мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил ( две малолетни лица со придружба на старател,двајца мажи и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

18.11/ 21.00 ч. – 19.11 / 21.00 ч.

Табановце
Укажана прва помош на : 474 лица

Вода 180 лит
Пакети со храна: 48
Пакети со хигиена:29
Млеко за бебе:5
Ќебиња: 156
Пелени за бебе: 18
Вреќи за спиење 78
Чоколадно млеко 35

Гевгелија
Укажана прва помош на: 670 лица

Вода : 696
Пакети храна: 149

Ќебиња:561
Вреќи за спиење 133.