Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 27,9%, во приградскиот превоз е зголемен за 3,2%, во меѓуградскиот превоз за 5,5%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 8.4%.
Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 29,0%, во приградскиот превоз за 2,4%, во меѓуградскиот превоз за 1,0%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2,8%.