Царинската управа и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е интензивирање на активностите на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација и унапредување на соработката со високообразовните институции.
Досегашната успешна соработка, докажана преку бројните активности на Регионалниот тренинг центар и спроведената практикантска работа во Царинската управа за студентите на овој факултет претставуваа солидна основа за нејзино продлабочување и унапредување. Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи научните истражувања за влијанието на измените во царинските и акцизни постапки на економијата на национално и регионално ниво да бидат еден од алатките за донесување на стратешки одлуки и натамошна модернизација на Царинската управа.
Царинската управа и Регионалниот тренинг центар и понатаму ќе посветат особено внимание за создавање на стручни и компетентни лица за спроведување на царинските и акцизни постапки. Оттука преку овој центар на Светската царинска организација се планираат бројни активности за економските оператори и корисниците на услугите на Царинската управа.