Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.11.2015 издадени се потврди на вкупно 1.814 странски државјани, од кои 938 се од машки пол, 333 се од женски, 412 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 131 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–839, Сирија-767, Ирак-208, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 23.11.2015 годинадо 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 278.120 странски државјани, од кои, 161.930 се од машки пол, 43.067 се од женски, 58.234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.889 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-168.472, потоа Авганистан-63.848, Ирак-24.367, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 23.11.2015 до Одделението за азил поднесенo eедно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Сирија со нив се и две деца кои го придружуваат родителот.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 23.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 76 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 52 барања се од државјани на Сирија, од нив 17за деца, потоа 10барања од државјани на Авганистан со нив се и осум деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 23.11.2015 година евидентирани се вкупно осум баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, една барателки на азил е жена и два баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, десет баратели на азил ( две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.