Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен под мотото „Сите сме нивни деца“ од 23-29 Ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица.
Во сабота, 28-ми ноември ќе биде прогаслен најстариот жител и брачен пар со најмногу години поминати во брак во општините Охрид и Дебрца.
Прогласувањето ќе биде извршено во рамки на настанот „За сончева есен на животот“ кој ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.