Инфо ден за Рамковната програма на ЕУ „Хоризонт 2020“

Министерството за образование и наука организира Инфо ден на 22 декември 2015 година на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во 12.00 часот, за одделни приоритетни области и активности за Рамковната програма на ЕУ „Хоризонт 2020“.

Ќе бидат презентирани следните приоритети:

1. “Spreading excellence and widening participation”, исклучително интересен и значаен за нас, во кој се предвидени мерки за зајакнување на капацитетите и унапредување на истражувачката работа преку:

Teaming – воспоставување соработка помеѓу високо развиена и помалку развиена институција

Twining – зајакнување на одредена научна област преку поврзување со најмалку 2 водечки европски институции

The Era Chairs – поддршка за привлекување и задржување на високо квалитетен истражувачки кадар и имплементација на структурни промени за постигнување извонредност

The Policy Support Facility – унапредување на креирањето, имплементацијата и евалуацијата на националите и регионалните иновативни политики

2. Marie Sklodowska Curie акциите нудат грантови за сите категории на истражувачи за развој на нивната кариера и ја поттикнуваат меѓусекторската соработка за креирање стратешки партнерства со водечки институции во светски рамки

3. Nanotechnologies, Advanced Materials, Advanced Manufacturing and Processing and Biotechnology – развој на технологии кои се во функција на поткрепување на иновациите во низа од сектори

4. Health, Demographic Changes and Wellbeing – подобро здравје за сите, подолг и поквалитетен живот за старите лица, побезбедни и поефикасни интервенции и одржливост на здравствениот систем

5. Легални и финансиски аспекти

Во прилог e Агендата за настанот. Сите заинтересирани своето учество да го пријават на една од следниве e-mail адреси: violeta.atanasovska@mon.gov.mk ; marina.nikolovska@mon.gov.mk
Бројот на учесници е ограничен, па ќе се користи принципот “прв пријавен – прв услужен“.