Во недела граѓанска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Во недела, 29 -ти ноември во НУ Центар за култура „Григор Прличв“ во Охрид, ВМРО- ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина.

Се повикуваат сите граѓани на Охрид да учествуваат на случувањето и со свои предлози и сугестии директно да учествуваат во изработка на идната програма на ВМРО- ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

На трибината ќе присуствува тим од ВМРО – ДПМНЕ и од Владата на Република Македонија.

Почетокот на настанот е закажан за 20:00 часот.