РК „Охрид 2013“ забележа уште една убедлива победа во 11 коло од ВИП македонската ракометна Суперлига. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ овој пат тимот на Охрид славеше со убедливи 40-26 против тимот на Металург 2.
Победникот беше познат уште по завршувањето на првото полувреме кое Охрид го доби со резултат 21-8. Потоа остана само да се одигра и второто полувреме, во кое охридските ракометари ја одржуваа предноста се до крајот на натпреварот кој го добија со 40-26.
По 11 одиграни натпревари РК „Охрид 2013“ се наоѓа на второто место од ВИП Суперлигата.
WebOhrid