Вршац речиси двојно подобар од АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид го одигра третиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и третиот пораз оваа сезона. Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека лидерот на табелата во АБА 2 лигата – тимот на Вршац. Гостите од Вршац играа одлично на целиот натпревар, беа надмоќни и успеаа да победат со 61:111, односно првата четвртина ја добија со 18-28, втората со 14-25, третата со 18-23 и четвртата со 11-35. По овој натпревар екипата на Вршац се зацврсти на првото место од АБА 2 лигата,…

повеќе...

АВ Охрид со пораз ги започна натпреварите од АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид дебитираше во АБА 2 лигата. Во Спортската сала „Билјанини извори“, АВ Охрид претрпе пораз 62-82 (14-21, 19-20, 18-20, 11-21) од српскиот тим Борац од Чачак. „Резултатски минавме лошо, но игравме добро. Не знам зошто се предадовме во последната четвртина иако губевме десетина разлика. НАтпреварите во АБА лигата ќе ни послужат за добро искуство и за акумулирање на самодоверба.“ – изјави Петар Чочороски, тренерот на АВ Охрид. „На моите играчи им честитам за заслужената победа, додека на охридскиот кошаркарски клуб му посакувам многу среќа во понатамошните натпревари. Има…

повеќе...

РК Охрид го победи Волендам и оди во следната рунда од ЕХФ Купот

РК Охрид го победи Волендам во рамките од првата квалификациона рунда од Европскиот ЕХФ Куп. Првиот натпревар заврши нерешено 24-24, додека пак денешниот натпревар охриѓани успеаа да го добијат со 24-23 и со вкупен резултат 48-47 да се пласираат во следната рунда од Европскиот ЕХФ Куп. Во следната рунда, Охрид ќе игра против Порто. WebOhrid

повеќе...

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во…

повеќе...

Познати имињата на фудбалските тренери од школата на Барселона кои ќе дојдат во Охрид

Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, ова се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои во периодот од 21-27.08. 2017 год. ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што ќе се одржи на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. На кампот ќе можат да земат учество деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на фудбалската школа на…

повеќе...

Започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид дека од денес 01. 06 ( четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор. Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период ( јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40 додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги

На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…

повеќе...

Одигран турнир во одбојка во рамки на училишните спортски лиги за основни училишта

Вчера (10.05.2017) во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција кои со заеднички сили се потрудија да се претстават најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа повеќе натпревари, а постигнати беа следните резултати: ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани  2:0  ОУ „Христо Узунов“  ОУ „Братство Единство“  2:0  ОУ „Св.Климент Охридски“ ОУ „Григор Прличев“  0:2  ОУ „Живко Чинго“…

повеќе...

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека на 16ти април, по повод христијанскиот празник Велгиден, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите. ЈП „Билјанини Извори“ на сите христијани им го честита најголемиот христијански празник Велигден и им посакува многу здравје и бериќет во нивните домови.

повеќе...