Прво место за ученик од ОУ „Св.Климент Охридски“ на школата „Млади физичари“

На 27-ми и 28-ми ноември на Природно Математичкиот Факултет -Скопје се одржа XL школа „Млади Физичари“ во Република Македонија.

На школата учествуваа ученици од основно и средно образование од целата држава.

Од учениците од основно образование, учесникот од ОУ „Св. Климент Охридски -Охрид , Виктор Блажески – IX одделние, под менторсво на наставникот Галина Малезаноска освои прво место на натпреварот по знаење.

„Со оваа постигнување уште еднаш ја потврдивме континуираната работа во нашето училиште.“- велат од училиштето.