Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа протоколарна средба со Н.Е. Омур Солендил, Амбасадор на Република Турција во Република Македонија.
Амбасадорот Солендил искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот потенцираше дека Република Турција е вистински пријател на Македонија и се залага за нејзино членство во НАТО и ЕУ.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се заблагодари на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Р.Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Министерот во кратки црти ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР во овој период, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.
Министерот Спасовски и амбасадорот Солендил се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.