Вчера издадени 2.195 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 30.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.195 странски државјани, од кои 1.020 се од машки пол, 454 се од женски, 607 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–984, Сирија-629, Ирак-582 .

Во периодот од 19.06.2015 до 30.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 294.928 странски државјани, од кои, 169.848 се од машки пол, 46.270 се од женски, 63.076 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.734 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-174.814, потоа Авганистан-70.893, Ирак-27.783, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 30.11.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 30.11.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.11.2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои 13 баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 4 баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
29.11/ 21.00 ч. – 30.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 92 лица
Вода 42 литри
Пакети со храна 11
Ќебиња 28

Гевгелија
Укажана прва помош на 146 лица
Вода 520 литри
Пакети со храна 13
Пакети со хигиена10
Ќебиња 637
Бебе сет 38
Поделени супи490
Поделени чаеви 760