Се асфалтира крак од улицата „Сирма Војвода“

Започнаа активностите за асфалтирање на крак од улицата „Сирма Војвода“ во должина од 250 метри.Веќе е пристапено кон чистење на потегот ,по што ќе следи тампонирање и асфалтирање на улицата.

Со асфалтирањето на кракот од ул.„Сирма Војвода“ се решава еден сериозен проблем на граѓаните коишто живеат во таканаречениот Болнички комплекс а кои децении наназад во лето и зима минуваа низ прашлив или каллив пат за да стигнат до своите домови.

Во текот на измината календарска година на овој потег од градот РЕ Водовод Охрид работеше на поставување на нова водоводна линија за жителите што живеат на овој дел од градот.

Акцијата за асфалтирање на крак од улицата „Сирма Војвода“,Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид ја реалзира во рамките на проектот за асфалтирање на тесни улички и пристапни патишта на територијата на општина Охрид.

Krak_Sirma_vojvoda_4851