СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Н.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.06.2015 година, во 19,15 часот, во с.Орман, од страна на полициски службеници во нива во државна сопственост бил затекнат пријавениот како одгледува 28 садници од растението канабис сатива.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.В.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.08.2015 година, околу 03,00 часот, во близина на плажата „Немо“ во Охрид од страна на полициски службеници бил затекнат пријавениот во паркирано патничко возило, а при извршен преглед над истиот биле пронајден четири таблети „МДМА“.