Успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото“ во Дебрца

Aкцијата „Ден на дрвото“ – Засади ја својата иднина, успешно се реазлизира во општина Дебрца.

Активностите започнаа утрово со засадување на садници од сортата аризонски чемпрес во паркот на ОУ „Дебрца“. Градоначалникот Трајкоски во придружба на секретарот, Илија Дуклески, директорот на ЈКП „Дебрца“ Васил Јончески, вработените во општина Дебрца, наставниците и учениците засадија дрвца со што придонесоа во разубавување на средината во која учениците го минуваат поголемиот дел од училишните денови.

Општина Дебрца и во иднина ќе ја поддржува акцијата „Ден на дрвото“ која ја спроведува Владата на Република Македонија, со сите надлежни министерства, ЗЕЛС и ЈП Македонски шуми.