Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.695 странски државјани, од кои 1.207 се од машки пол, 542 се од женски, 819 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 127 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.190, Авганистан–979 и Ирак-526.
Во периодот од 19.06.2015 до 01.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 297.623 странски државјани, од кои, 171.055 се од машки пол, 46.812 се од женски, 63.895 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.861 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-176.004, потоа Авганистан-71.872, Ирак-28.309, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 01.12.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.