ПС Струга поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(33) од Октиси директор на ЈП „Октиси“ поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот во периодот од јуни до септември 2015 година, со неизвршување на својата службена должност не обезбедил нормално функционирање на техничката апаратура на резервоарот на вода за пиење и хлорирање на истата со што дошло до загадување на водата која ја користат жителите на с. Октиси.