Пронајден риболовен алат и рибарски мрежи во водите на Охридското Езеро

Синоќа по полноќ од страна на полициски службеник од Полицската станица за Граничен Надзор-Охридско Езеро со пловен објект „Валијант“, во водите на Охридското езеро, на околу 300 метри од брегот на езерото, наспроти АК„Андон Дуков“ пронајден е риболовен алат: 30 (триесет) рибарски мрежи со улов од 27 парчиња риба Охридска Белвица со вкупна тежина од 2,6кгр.

Риболовниот алат со уловот се донесени во ПС за ГН-Охридско Езеро за понатамошна постапка.