Ученички активности во ОУ „Григор Прличев“

Во текот на оваа недела учениците од седмите и деветтите одделенија од ОУ „Григор Прличев“ внесоа свежина во уличишните ходници.

„Користејќи се со рециклирани материјали, како и други техники за работа го оживеаја и внесоа свежина во просторот. Оваа работна недела поминува и во знакот на Денот на дрвото, ден во кој нашите ученици учествуваа во засадување на млади дрвца во областа Мауцхер, додека останатите ученици во зависност од возраста имаа соодветни активности во училниците ( цртање на еколошки теми, засадување на саксиски цвеќиња, дискусии на теми поврзани со пошумувањето), како и помагање во уредување на училишниот двор.“- информираат од училиштето.