Се расчистуваше ул. „Железничка”

Покрај тековните активности, екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец“ вчера и денес темелно ја исчистија ул. „Железничка” на потегот од бензинската „Таци” се до „Петљата” на излезот од градот.

„Ангажирани беа 6 комунални работници при што беа исчистени тротоарите, коловозните ленти и жардинериите и покрај отежнатите околности предизвикани од сообраќајот.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

FotorCreated5