Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 8 декември 2015 година (вторник), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот „Св. Климент Охридски”.