Малолетник од Скопје спроведен во Воспитно поправен дом во Охрид поради тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела од кои пет „тешка кражба во обид“ и четири дела „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава еден малолетник роден 1998 година од Скопје.

Пријавениот, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври оваа година, од кои една во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат – „топокршач“ и насилно ги отворал влезните како и балконските врати во куќите и становите.

Пријавениот малолетник бил на изржување казна затвор во Воспитно поправниот дом- малолетнички затвор Велес, од каде во текот на август годинава користел одмор по што не се вратил назад односно бил во бегство.

На седми октомври, малолетникот бил приведен во полициската станица во Чаир, а потоа спроведен во Воспитно поправниот дом Охрид за издржување казна затвор.