Во рамките на училишната програма на активности за одбележување на Патрониот празник на Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ се реализира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на децата без родители во соработка со здружението „Градиме иднина“.
Беше отворена и изложба на ученички ракотворби – рачно изработен накит, која во соработка со Програмата УСАД ја реализираа учениците под менторство на проф.Катерина Слатиноска.
Прославувањето на патрониот празник започна со презентација за ликот и делото на учителот од времето во кое живеел Св. Климент Охридски па сé до денешно време. Потоа следуваше дискусија во која учествуваа и наставници и ученици од нашето училиште. Беа изнесени размислувања дека денес повеќе се обрнува внимание на образовните, а не на воспитните цели. Сите присутни се согласија дека станува збор за голема временска дистанца од тогаш па сé до денес, но вредностите кои треба да ги поседува еден учител остануваат исти. Проектот го релизираа учениците Мартин Мурговски и Ангела Ѓоршеска под менторство на професорите Светлана Голабоска и Марија Чанова
Беше реализиран Отворен час на тема „Лековитите растенија во Охридскиот регион“ на кој свое предавање одржа Андон Бојаџи од Националниот парк Галичица. Гостинот Андон Бојаџи одржа презентација за убавините, лековитите растенија и значењето на Националниот парк, а потоа се изврши дегустација на чаеви од лековити билки собрани на Галичица, а подготвени од страна на учениците под менторство на Активот по биологија и професорките Екатерина Бојческа, Весна Цветкоска и Славица Кичеец.