Убиство во тетовското село Мала Речица

На 03.12.2015 година околу 15.30 часот во с.Мала Речица, тетовско, во угостителскиот објект „Принц“, непознат сторител, со огнено оружје извршил убиство над Хасмир Х.(43) од с.Лисец, тетовско. Имено, кога Хасмир Х. влегол во објектот започнала расправија по што сторителот извадил пиштол и му нанел прострелна рана во пределот на срцето. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од СВР-Тетово, при што бил пронајден и подигнат предметен материјал кој е даден на вештачење. По наредба на ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Утрово околу 06.00 часот, по преземени мерки. полициски службеници од СВР Тетово во близина на мостот помеѓу селата Пршовце и Теарце го лишија од слобода Џ.Х(56) од Тетово поради основи на сомнение дека го извршил убиството на Хасмир Х. Осомничениот Џ.Х. при лишувањето извадил пиштол и се обидел да го употреби, односно да пука кон полициските службеници, но брзо бил совладан и приведен во СВР Тетово. Кај осомничениот се пронајдени и со потврда се одземени: пиштол, рамка со девет куршуми и кутија со 21 куршум од истиот калибар, нож на расклопување и два мобилни телефони, кои ќе се вештачат. Во текот на денот, а во координација со јавен обвинител, со соодветен поднесок истиот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.