Меѓународен ден на цивилното воздухопловство

Меѓународниот ден на цивилното воздухопловство е востановен во 1994 година од страна на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO), преку Резолуцијата A29-1 на Собранието, за одбележување на 50-годишнината од Организацијата, на 7 декември 1944 година. Во 1996 година, врз основа на иницијативата на ICAO и со помош на канадската Влада, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата официјално го потврди 7 декември како Меѓународен ден на цивилното воздухопловство и назначен како официјален ден на ОН.

Целта на глобалното одбележување е да се поттикне и да се зајакне свеста за значењето на меѓународната цивилна авијација ширум светот, во социјалниот и економскиот развој на земјите, како и за улогата на ICAO во унапредувањето на безбедноста, ефикасноста и правилноста на меѓународниот воздушен транспорт.

WebOhrid