Свечената академија, во чест на Свети Климент Охридски- Заштитникот на Охрид, ќе се одржи утревечер на 8 декември, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 19 часот.
Свеченоста ќе започне со химната за Свети Климент од Димитар Масески во изведба на хорот при ОСУ Св. Климент Охридски, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи Проф. д-р Кирил Темков, а потоа градоначалникот Никола Бакрачески, на годинашниот добитник, Општинската организација на Црвен Крст, ќе ја додели наградата Св. Климент Охридски- Патронот на Охрид.
Свечената академија ќе заврши со настап на најреномираната македонска етно група „Синтезис“.