Албанскиот театар, синоќа на сцената на Македонскиот народен театар премиерно ја изведе Шекспировата трагедија „Магбет“, работена под режисерска палка на гостинката од Бугарија, Диана Добрева.
На премиерното претставување Албанскиот театар го прослави и големиот јубилеј 65 – години постоење. На свечениот чин присуствуваа голем број еминенти личности од владиниот врв, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, државниот секретар Бехиџудин Шехаби, пратеничката Ермира Мехмети, како и голем број личности од македонската и албанската уметничка елита.
Претставата која со овој театарски чин прв пат се претставува пред публиката во Македонија беше проследена со овации и громогласни аплаузи.