Денес на промоцијата на резултатите од активностите по повод завршувањето на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID), на Царинската управа ѝ беше врачена плакета како признание за континуираната поддршка и партнерство со IDEAS.
Плакетата ја прими Наташа Радеска Крстевска, директор на Царинската управа.
Преку активностите на проектот, насочени кон унапредување на економскиот развој на Македонија преку зајакнување на капацитетите на владиниот и деловниот сектор, Царинската управа доби поддршка во напорите за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата на ЕУ за заеднички транспорт, како и помош во планирањето и спроведувањето на Студијата за мерење на времето за поминување на стоките преку границата според методологијата на Светската царинска организација. Проектните активности кои беа спроведени за самооценка на усогласувањето на режимот за олеснување на трговијата со Спогодбата на Светската трговска организација за олеснување на трговијата, претставуваат корисна алатка за насочување на идните активности кон олеснувањето на трговијата во регионот и пошироко.
Добиената поддршка претставува значаен придонес во насочувањето и исполнувањето стратешките цели и приоритети преку развој на капацитетите на Царинската управа и царинското работење.