Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.784 странски државјани, од кои 1.505 се од машки пол, 804 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 64 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1783, Авганистан–870, и Ирак-1.131.
Во периодот од 19.06.2015 до 10.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 325.543 странски државјани, од кои, 182.999 се од машки пол, 52.329 се од женски, 72.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.783 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-188.361 потоа Авганистан-79.063, Ирак-36.678, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.12.2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои шест мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил ( две малолетни лица без придружба на старател и два мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Црвен крст мобилни тимови
09.12/ 21.00 ч. – 10.12 / 21.00 ч.
Табановце
Укажана прва помош на 422 лица
Вода 276 шишиња
Пакети со храна 12
Пакети со хигиена 2
Ќебиња 309
Вреќи за спиење 2
Пелени за деца 40
Пелени за возрасни 3
Шише за бебе 78
Чоколадно млеко 168
Крема за бебе 37
Влажни марамици 60
Млеко за бебе 15
Транспорт на лица- 1 до Кумановска болница, 1 до Визбегово, Скопје
Гевгелија
Укажана прва помош на 721 лице
Вода 1896 шишиња
Пакети со храна 374
Бисквити 6 пакувања
Пакети со хигиена 64
Ќебиња 350
Бебе сет 12