Насока и појаснувања за начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување

Во врска со начинот на оданочување со ДДВ за промети на добра во постапка на присилна наплата и присилно извршување, Управата за јавни приходи ги дава следните насоки и појаснувања, а со цел правилна примена Законот за данокот на додадена вредност.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.130/14), од 1 јануари 2015 година се пропишаа посебни одредби за начинот на постапување при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додаден вредност („Службен весник на РМ”, бр.129/15), од 8 август 2015 година се изврши доуредување и допрецизирање на одредбите за прометите во постапки на присилна наплата и присилно извршување, како и:

– воведување на механизмот на пренесување на даночната обврска во случај кога доверителот се стекнува со доброто.

– промена на рокот за плаќање и достава на ДДВ-ПНПИ во постапка за присилно извршувањесо цел усогласување со Законот за извршување.

Субјектот надлежен за постапката на присилна наплата и присилно извршување има обврска за прометот да изготви соодветни обрасци кои се пропишани во:

– Правилник за формата и содржината на Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (образец ДДВ-ПНПИ), со примена од 1 јануари 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.198/14).

– Правилник за формата и содржината на Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто (образец ДДВ-ПНПИ/ДС), со примена од 25 август 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.143/15).