Средношколците од „Ванчо Питошески“ се запознаа со Даночниот систем на РМ

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање за учениците од трета година на тема: „Општо запознавање со Даночниот систем на РМ“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“, а во организација на Управата за јавни приходи и Министерството за образование и наука.

„Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.“- вели заменик директорот на училиштето, Перчо Божиновски.

Преку практичните искуства пренесени од страна на даночните експерти, учениците одблиску се запозна со: какви видови даноци постојат, зошто УЈП ги собира даноците, каква е користа од плаќањето на данокот за сите нас и како и каде се плаќа данокот.

„Целта е средношколците да станат социјално – свесни и совесни даночни обврзници.“– додава Божиновски.