Притворени две лица кои кршеле во продавница во Куратица

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Насилство“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.С.(38) и Ј.Ѓ.(28) двајцата од Охрид. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавените, на 14-ти овој месец во 20 часот и 30 минути  во продавница во селото Куратица го искршиле инвентарот и прозорските стакла, а потоа и стаклените шишиња со алкохолни и безалкохолни пијалоци. Тие на вработените и другите присутни во продавницата им упатиле закани по животот  со што предизвикале чувство на страв и несигурност. 

Пријавените, претходно во истата продавница барале да бидат послужени со вино по што видно се довеле во алкохолизирана состојба. Во еден момент побарале жетони за билијард но биле одбиени.  Револтирани од тоа  двајцата започнале насилнички и агресивно да се однесуваат и на висок тон да ги навредуваат вработените и гостите. За кратко време ги искршиле масите и столиците, стаклените шишиња и стаклата на прозорците.  

Пријавените се лица познати на службата против кои и досега биле поднесувани пријави за сторени казнени дела за што биле и затворски осудувани.