Започна со реализација проектот „Курајчко средсело“

Деновиве започна со реализација проектот „Курајчко средсело“ со кој е предвидено до одредена висина рушење стариот руиниран објект поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации, како и зачувување на неговата автентичност (камен). Години наназад претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации, секако и туристите кои го посетуваат Куратица во текот на целата година.

Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе во постигнувањето на дефинираните стратешки цели и е во согласност со стратешката цел за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна презентација и промоција, како и со стратешката цел во областа на културата, културно-историското и природно наследство за изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој на културното и природното наследство.

Проектни резултати:

1. Зголемена е промоцијата на Василичарските и карневалски манифестации, Државни спортски натпреварувања, посетеност од домашни и странски гости во селото Куратица;

2. Промовирана е Општина Охрид во поддршката на развојот на туризмот и локалниот економски развој;

3. Функционално е подигната и уредена инфраструктурата на јавниот селски простор, со што ќе е овозможено негово функционално искористување во развојните цели на селото (туристички, спортски, економски);

4. Анимиран е уште поголем број на посетители, гости и туристи во селото, на самата манифестација, и подигнато нивото на манифестацијата како национален, културен настан поврзан со зачувување на културата и културното наследство.

Вкупната вредност на проектот изнесува 130 000 денари , од кои 70% (100 000 денари) се на Општина Охрид преку Секторот за локален еконосмски развој, 30% е учество на Месната заедница с.Куратица.