Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” интензивно продолжува со градежни активности на две локации во Охрид и тоа на кружниот тек на пресекот на булевар „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ и на изградбата на тротоарот на улица „Сирма Војвода“ на која за неколку дена ќе заврши поставувањето на коловозните рабници, а веднаш потоа ќе се продолжи и со поставување на бекатон плочки.